Start of content

Вие контролирате кој има пристап до информациите во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record).

По правило, за документите во  здравствениот картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record) е поставен општ пристап за давателите на здравствени услуги. Вие може да ја промените контролата на пристапот во секое време. 

Контрола на приватноста и безбедноста

Вие контролирате кој има пристап до информациите во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record).

За сите документи во здравствениот картон Мое електронско здравствено досие однапред е поставен општ пристап за давателите на здравствени услуги. Тоа значи дека секој давател на здравствени услуги што е вклучен во вашата нега може да ги види тие информации. Вие може да ја промените контролата на пристапот во секое време. 

Контрола на приватноста и безбедноста

Имате можност да контролирате кој може или не може да ги види вашите здравствени информации. Измените во приватноста и безбедноста што може да ги направите се:

Со здравствените картони на децата управува овластен застапник, обично родителот или законскиот старател.

Надгледување на пристапот

Австралиската агенција за дигитално здравје (Australian Digital Health Agency), како оператор на системот на здравствените картони Мое електронско здравствено досие, го прегледува целиот пристап до здравствениoт картон Мое електронско здравствено досие. Може ќе сакате редовно да проверувате кој пристапил до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие.

Може да внесете поставка да добивате автоматски известувања преку електронска порака или преку порака на мобилен телефон секојпат кога некој нов давател на здравствени услуги ќе пристапи до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие, вклучувајќи го и пристапот во итен случај. 

Пристап во итен случај

Во итен медицински случај, давателите на здравствени услуги што се поврзани на системот Мое електронско здравствено досие може да ги видат вашите здравствени информации како што се алергии, лекови што ги земате и примени вакцини. Тоа им помага да ви укажат најдобро можно лекување и нега.

Ако сте поставиле код за пристап за вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие и ако настане ситуација во која вашиот живот, здравје или безбедност може да бидат сериозно загрозени, може да се даде пристап во итен случај до вашиот картон.

Пристапот во итен случај трае најмногу до пет дена и ќе биде прикажан во вашиот историјат на пристапување до картонот. Ако сте поставиле да добивате автоматски известувања, ќе бидете известени за таквиот пристап.

Безбеден пристап

Вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие е поврзан со вашата сметка myGov што ви овозможува безбеден пристап до низа разновидни служби на австралиската влада, вклучувајќи ги Medicare, Centrelink и Австралиската даночна служба (Australian Taxation Office). myGov е безбедна услуга што ја нуди австралиската влада и до која може да се пристапи само со користење на лозинка и со одговарање на тајно прашање или со код за пристап.

Сите поставки за безбедноста и приватноста во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие важат за информациите до кои пристапувате преку вашиот компјутер, мобилен телефон или програма.

Дознајте кои се едноставните заштити што може да ги примените за да ги зачувате вашите информации безбедни.

Едноставни совети за безбедноста и приватноста

Симнете го водачот: