Start of content

Овие совети може да ви помогнат да ги поставите контролите за пристапот до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record) и да изберете кои информации може да ги видат вашите даватели на здравствени услуги.

Пристапете до поставките за контрола

Зачувајте ја приватноста и контролирајте го пристапот до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record) со поставки за:

  • поединци – луѓе на кои им верувате, како што се членови на семејството, пријатели или негуватели, ќе им дозволите да ги гледаат вашите здравствени информации и да ви помагаат да управувате со нив 
  • даватели на здравствени услуги – внесете ограничувања на информациите што може да ги видат организациите за здравствени услуги
  • документи – ограничете го пристапот до специфични документи во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие.  

Кодови за заштите на безбедноста и приватноста што може да ги поставите

Променете го степенот на пристап до вашите информации, поставeте еден или повеќе кодови:

  1. Код за пристап до картонот (Record access code - RAC) – контролирајте кои организации што даваат здравствени услуги може да го видат вашиот картон така што ќе поставите код RAC.
  2. Код за ограничен пристап до документите (Limited document access code - LDAC) – контролирајте го пристапот што го имаат организациите за здравствени услуги до специфични документи така што ќе поставите код LDAC.  
  3. Код за личен пристап (Personal access code - PAC) – им овозможува на вашите назначени претставници да пристапат до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие.

Како да поставите код за пристап до картонот

За да контролирате кои организации за здравствени услуги може да пристапат до вашиот картон, поставете код за пристап до картонот и дајте им го на оние даватели на здравствени услуги што вие ќе ги изберете.

За да поставите код за пристап до картонот:

  1. Најавете се во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие преку myGov.
  2. На почетната страница на здравствениот картон Мое електронско здравствено досие изберете го картонот за кој сакате да поставите контрола на пристапот.
  3. Од понудениот список изберете „Privacy & Access“ (Приватност и пристап).
  4. Во делот „Access by Healthcare Providers“ (Пристап за даватели на здравствени услуги) изберете „Manage Access“ (Давање право на пристап) за да го отворите тој дел. Побарајте го „All Other Healthcare Providers“ (Сите други даватели на здравствени услуги). Таму каде што пишува „All Healthcare Providers in your care can access this record“ (Сите даватели на здравствени услуги што ви даваат здравствена нега може да имаат пристап до овој картон) изберете „Manage Access“ (Давање право на пристап).
  5. На страницата „Limit access to your My Health Record“ (Ограничете го пристапот до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие) поставете ја шифрата за пристап до вашиот здравствен картон. Шифрата треба да содржи од 4 до 8 знаци.

Како да поставите код за ограничен пристап до документите

Може да го ограничите пристапот до документите, ако одлучите така. Тоа ќе го направите така што ќе поставите код за ограничен пристап до документите за поединечни документи, или за одреден тип на документи, на пример, за извештаи од медицински снимања.

Потоа може да им го кажете тој код на давателите на здравствени услуги по ваш избор, така што тие ќе може да пристапат до документите за кои сте поставиле ограничување на пристапот.

За да поставите код за ограничен пристап до документите:

  1. Најавете се во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие преку myGov.
  2. Од понудениот список изберете „Privacy & Access“ (Приватност и пристап). Во делот „Document Access Settings“ (Поставување на правото за пристап до документот) изберете „Manage Access“ (Давање право на пристап) за да го отворите тој дел.
  3. За да ја поставите шифрата, изберете го копчето „Set limited document access code“ (Поставување на шифра за ограничување на правото на пристап до документот).
  4. На страницата „Grant Access to your Restricted Documents“ (Одобрување пристап до вашите документи со ограничено право на пристап) поставете ја шифрата за ограничување на пристапот до документот што го претпочитате. Шифрата треба да содржи од 4 до 8 знаци.

Ако го заборавите вашиот код, може во секое време да добиете нов код. Треба само да им го кажете новиот код на давателите на здравствени услуги што претходно немале пристап до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие.

PDF icon Симнете го информативниот лист:  Поставување на кодови за пристап

Отстранување на информации

Може да отстраните медицински документи и документи од Medicare од вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие. Тоа значи дека давателите на здравствени услуги не ќе можат да пристапат до тие медицински документи, дури ни во итен случај. Ако се предомислите, или ако отстраните некој документ по грешка, може да го вратите назад.

За да отстраните некој документ од вашиот картон, следете ги следните упатства чекор по чекор

Давање пристап на назначен претставник

Вашиот назначен претставник ќе треба да има личен код за пристап за да потврди дека тој е тоа лице кое вие сакате да има пристап до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие.

Погледнете ги упатствата чекор-по-чекор за тоа како да му дадете пристап на назначен претставник.

Повлекување на согласноста за учество на второстепените корисници на податоци

Австралиската влада има изработено Рамка (Framework) за насочување на второстепеното користење на податоците од системот Мое електронско здравствено досие (рамка) за да ги извести Австралијците за тоа како може да се користат податоците од здравствените картони Мое електронско здравствено досие заради истражување или заради јавното здравје.

Луѓето што имаат здравствен картон Мое електронско здравствено досие ќе може да изберат нивните податоци да не се користат за второстепени цели со тоа што ќе ја одберат можноста ‘withdraw participation’ во својот здравствен картон Мое електронско здравствено досие.

Можноста ‘withdraw participation’ ќе биде додадена во системот Мое електронско здравствено досие многу порано од започнувањето на националниот период во кој може да одбиете да имате здравствен картон Мое електронско здравствено досие. Се очекува дека можноста за пристап до податоците заради второстепени цели ќе почне од 2020 г.

Натамошни информации за оваа рамка може да најдете на местото на интернет на Одделот за здравство (Department of Health website).

Изберете споделување на информациите

Освен за поддршка на вашата нега, информациите во здравствениот картон Мое електронско здравствено досие може да се употребат за да се обезбеди увид во австралискиот здравствен систем и услугите кои се обезбедуваат за подобрување на здравствените резултати на пациентите.

Дознајте како информациите во здравствениот картон Мое електронско здравствено досие можат да ги подобрат здравствените резултати за сите Австралијци.‎

Ако сакате вашите информации да се користат и за други цели, како што се истражувања, не треба да правите ништо.

Ако не сакате вашите здравствени информации да се споделат, следете ги чекорите подолу за да го откажете вашето учество.

  1. Најавете се во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие преку myGov.
  2. Притиснете со глувчето на 'Profile and Settings'.
  3. Одете надолу додека да видите ‘Secondary uses of data section’.
  4. Притиснете на копчето што вели ‘Do not participate’.

Ако се премислите, можете да одберете да ги споделите вашите податоци повторно со следење на истите чекори и да изберете ‘Participate’.

Ако ви треба помош со некоe од вашите поставувања за приватност и безбедност, јавете се на Телефонската линија за помош (Help line)‎‎.