Start of content

За да се регистрирате за здравствен картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record), треба да имате сметка myGov. Сметката myGov е безбеден начин за да пристапите до услугите на австралиската влада (Аustralian Government) преку интернет. 

Најавете се или регистрирајте се за сметка myGov

Регистрирајте се за здравствен картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record) преку интернет во три чекори

Чекор 1: Направете сметка myGov или најавете се на вашата постојна сметка myGov

1. Појдете на страницата за најавување на сметката myGov.

2. Ако немате сметка myGov account, притиснете со глувчето на ‘Create an account’ и следете ги наведените чекори за да се регистрирате. Ако веќе имате сметка myGov, употребете ги вашето постојно корисничко име и лозинка за да се најавите на сметката.

3. Откако ќе се најавите на вашата сметка myGov, притиснете го со глувчето копчето ‘Services’, а потоа притиснете на копчето ‘Link’ за здравствениот картон Мое електронско здравствено досие.

Чекор 2: Потврдете го вашиот идентитет

За да го поврзете вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие со вашата сметка MyGov, ќе треба да го докажете вашиот идентитет заради безбедносна проверка.

Ќе ви бидат поставени прашања во врска со вашето членство во Medicare и со историјатот на вашите побарувања од Medicare. Потоа одговорите ќе се проверат во Medicare за да се потврди вашиот идентитет.

Ќе треба точно да ги одговорите прашањата за да ја минете безбедносната проверка. Ако не сте сигурни, ако не можете да се сетите, или ако не го знаете одговорот на некое прашање, може да го прескокнете тоа прашање и да се обидете да го одговорите следното прашање.

Може ќе ви треба:

  • вашата картичка Medicare
  • бројот BSB на вашата банка и бројот на вашата банкарска сметка на која ви се уплаќаат парите што ги добивате од Medicare (ако сте договориле такво нешто со Medicare)
  • вашата адреса што е запишана во Medicare
  • информации за вашата последна посета кај вашиот лекар.

Други можности за да го докажете вашиот идентитет

Ако имате проблем да го докажете вашиот идентитет преку интернет, или ако претпочитате да разговарате со некого, може:

Откако ќе го докажете вашиот идентитет, ќе ви биде даден број, познат како број за потврдување на идентитет,. Тој број ќе ви биде потребен за да ја поврзете преку интернет вашата сметка myGov со вашиот здравствен картон My Health Record.

Чекор 3: Внесете ги поставките во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие

Откако ќе го потврдите вашиот идентитет, на екранот ќе видите „Welcome to My Health Record“ (Добредојдовте во здравствениот картон Мое електронско здравствено досие“.

Првиот пат кога ќе го отворите преку интернет вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие, во него може да има малку информации или воопшто да нема информации.

За да ги внесете поставките во вашиот картон:

Отворете го картонот, со глувчето притиснете на четириаголникот со вашето име на почетната страница. Почнете со следните први чекори за да ги запишувате вашите здравствени информации:

  • Внесете дека претпочитате од Medicare да добивате информации за вашите посети кај лекарот, за лековите, за примените вакцини и за одлуките за дарувањето на органи.
  • Додадете ги вашите лица за контакт во итен случај.
  • Додадете ги вашите познати алергии и лековите што ги земате во вашиот личен кус преглед на здравствената состојба или во вашиот здравствен дневник како лични белешки во врска со здравјето.
  • Одлучете кој може или кој не може да ги види вашите здравствени информации.
  • Одберете да добивате известување кога некој ќе пристапи до вашиот картон.

Последниот чекор: Разговарајте со вашиот лекар

Следниот пат кога ќе појдете кај вашиот лекар, сетете се да го замолите да ги внесе вашите здравствени информации во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие.

Во ординацијата на вашиот лекар побарајте знак на кој пишува: „Ние ги користиме здравствените картони Мое електронско здравствено досие“. Ако не сте сигурни, прашајте го вашиот лекар или некој друг член на персоналот во ординацијата на вашиот лекар.

Други начини за да се регистрирате за здравствен картон Мое електронско здравствено досие

Ако не можете да се регистрирате преку интернет, за здравствен картон Мое електронско здравствено досие може да се регистрирате на следните начини.

Со писмо

Поднесете писмено барање, пополнeте го соодветниот формулар:

Помош од вашиот давател на здравствени услуги

Вашиот општ лекар или давател на здравствени услуги можеби може да ви помогне да се регистрирате за здравствен картон Мое електронско здравствено досие.

Стапете во контакт со нас

Ако ви треба помош за да се регистрирате или за да пристапите до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие, јавете се на Телефонската линија за помош (Help line) на 1800 723 471.

Регистрирајте се за Личен идентификатор за здравствена нега (Individual Healthcare Identifier - IHI)

Ако веќе имате картичка од Medicare или картичка од Одделот за ветерански работи (Department of Veterans’ Affairs - DVA), тогаш исто така имате и идентификатор IHI.

Идентификаторот IHI осигурува дека вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие може да се поврзе со поединостите за вас што вашите даватели на здравствени услуги ги чуваат во своите системи.

Ако треба да поднесете барање за идентификатор IHI, следете ги овие чекори на местото на интернет на Одделот за општествени служби (Department of Human Services).