Start of content

Штом ќе воспоставите пристап преку интернет до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record), подготвени сте да почнете да ги одредувате поставките на вашата сметка. 

На оваа страница се објаснети некои од клучните карактеристики на здравствениот картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record) што може да ги поставите откако ќе се најавите на сметката. 

Ако веќе не сте го направиле тоа, ќе треба да се регистрирате, а потоа да воспоставите пристап преку интернет до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие. Првиот пат кога ќе го отворите преку интернет вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие, во него може да има малку информации или воопшто да нема информации.

Што ќе видите кога првпат ќе пристапите до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие

Пристапување до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие

До вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие може да пристапите од почетната страница 'Welcome to My Health Record'.

Исто така може да поставите и пристап до картони што му припаѓаат на вашето дете или на некој што вие го негувате. Нивните картони можете да ги додадете на вашата почетна страница 'Welcome' така што со глувчето ќе притиснете на сликата 'Access or create a My Health Record for someone else'.

Потоа може да одберете до кој здравствен картон Мое електронско здравствено досие сакате да пристапите, одберете го тој картон од списокот со картони наведен на вашата појдовна страница 'Welcome'.

Поставете пристап до нечиј туѓ здравствен картон Мое електронско здравствено досие

Информации од Medicare

Може да одберете кои информации од Medicare ќе бидат додадени во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие така што вашите даватели на здравствени услуги ќе можат да ги видат. 

Може да изберете да вклучите информации за посетите кај вашиот лекар за кои сте барале надомест од Програмата Medicare Benefit Schedule, за лековите што ви биле издадени според Програмата за попусти за лекови (Pharmaceutical Benefits Scheme), за вашите одлуки да дарувате органи, ако се запишани во Австралискиот регистар на дарители на органи (Australian Organ Donor Register), и информации за вакцините што можеби сте ги примиле, а што се запишани во Австралискиот регистар на вакцинации (Australian Immunisation Register).

Додадете важни информации

Ако така одлучите, може да додадете важни информации во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие. Тие би можеле да вклучуваат информации за вашите алергии и за лековите што ги земате, а што може да биде важно вашите даватели на здравствени услуги да ги знаат.

Исто така може да ги додадете контактните поединости на луѓето што би можеле да бидат контактирани во итен случај, како и информации за вашите желби во врска со здравствената нега во иднина, (информации за однапред испланираната нега).

Како да управувате со пристапот и со известувањата

Може да одберете да добивате известувања преку порака на мобилен телефон или по електронска пошта за активностите поврзани со вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие, на пример, кога нов давател на здравствени услуги ќе пристапи до вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие, или кога споделен кус преглед на здравствената состојба е додаден во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие. Дознајте како да поставите контроли на пристапот и известувања