Start of content

Оваа година, ќе добиете здравствен картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record), освен ако не се откажете. Ако не сакате здравствен картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record), пополните го на интернет формуларот до 15 ноември 2018 година‎. Ќе ви треба вашата картичка за Medicare и возачка дозвола (или друга идентификација) за да го завршите процесот на откажување.

Откажeте сега

Во 2018 г., секој Австралиец ќе добие здравствен картон Мое електронско здравствено досие. Меѓутоа, ако одлучите дека не сакате таков картон, може да го кажете тоа во текот на тримесечниот период од 16 јули до 15 ноември 2018 г.

Како да кажете дека не сакате да добиете здравствен картон Мое електронско здравствено досие

Ако немате здравствен картон Мое електронско здравствено досие и ако не сакате да ви биде направен таков картон, ќе треба да го кажете тоа.

Притиснете со глувчето на копчето ‘opt out now’ на оваа страница за да почнете. Ќе треба да го потврдите вашиот идентитет и да дадете лични поединости како што се вашето име и датумот на раѓање.

Откажете се од здравствениот картон од името на вашите деца или лица зависни од вас 

Ако имате родителска одговорност за деца помлади од 18 години, и ако се тие наведени на вашата картичка Medicare, може да се откажете од здравствениот картон Мое електронско здравствено досие од нивно име. Следете ги чекорите наведени во формуларот на интернет.  

Децата на возраст од 14 години или постари исто така може сами да се откажат преку интернет. За да го направат тоа, ќе им треба нивниот број под кој се заведени во Medicare.

За другите зависни лица за кои сте вие одговорни, стапете во контакт со нас за да ви помогнеме. 

Информации што ќе ви бидат потребни за да се откажете 

За да се откажете од здравствениот картон Мое електронско здравствено досие, ќе треба да го потврдите вашиот идентитет.

Ќе ви требаат:

  • вашата картичка Medicare Card, или картичка од Одделот за ветерански работи (Department of Veteran’s Affairs - DVA), и
  • еден од следните видови на австралиска идентификација:
    • вашата возачка дозвола; или
    • вашиот пасош; или
    • вашата картичка ImmiCard

Ако сте ја изгубиле вашата Medicare картичка или не го знаете вашиот број на Medicare, јавете се на Medicare за да ги дознаете вашите податоци‎.

Ако веќе имате здравствен картон Мое електронско здравствено досие? 

Ако веќе имате здравствен картон Мое електронско здравствено досие и одлучите дека веќе не сакате да го имате, може да го откажете во секое време. Следете ги упатствата наведени овде за да го откажете вашиот картон

Ако го пропуштите крајниот рок на 15 ноември 2018 г. и ако ви биде направен картон, ќе може да го откажете.  

Ако се откажете, сепак ќе може да добиете здравствен картон Мое електронско здравствено досие во иднина 

Ако се предомислите и одлучите дека би сакале да имате здравствен картон Мое електронско здравствено досие, може да си направите таков картон во секое време така што ќе ги следите чекорите за регистрирање.

Ви треба помош?

Ве молиме јавете ни се на 1800 723 471 ако

  • сакате да се откажете ама ја немате потребната идентификација 
  • Немате картичка Medicare или DVA, а сакате да се осигурите дека нема да добиете здравствен картон Мое електронско здравствено досие 
  • сакате да се откажете од името на некој за кого сте законски одговорни 
  • ви треба каква и да било помош за да го пополните формуларот на интернет
  • ви треба помош на друг јазик

Ви треба помош?

Јавете се на нашата Телефонска линија за помош (Help line)

1800 723 471