Start of content

Информации за здравствениот картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record) на македонски јазик

На оваа страница ќе најдете информации за здравствениот картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record) преведени на македонски јазик. Овие преведени интернет-страници и книшки ќе ви помогнат да дознаете повеќе за здравствениот картон Мое електронско здравствено досие и како може да го користите за да управувате со вашите здравствени информации.

Што содржи здравствениот картон Мое електронско здравствено досие?

Здравствениот картон Мое електронско здравствено досие е кус преглед на вашите најважни здравствени информации достапен преку интернет.

Кога имате здравствен картон Мое електронско здравствено досие, вашите здравствени информации на безбеден начин може да се видат преку интернет од кое и да било место и во секое време – дури и ако се преселите или ако патувате во друга австралиска држава. До вашите здравствени информации може да пристапите од секој компјутер или друга направа поврзана на интернет.

Не мора да бидете болни за да имате корист од здравствениот картон Мое електронско здравствено досие. Тој картон е погоден начин за запишување и следење на вашите здравствени информации низ текот на времето.

Погледнете видео-снимка за да дознаете повеќе за здравствениот картон Мое електронско здравствено досие

Како да дознаете повеќе

Одвојте неколку минути за да дознаете повеќе како здравствениот картон Мое електронско здравствено досие ви помага на вас, на вашите лекари и на другите даватели на здравствени услуги да донесете подобри одлуки за здравствената нега.

Здравствен картон Мое електронско здравствено досие за секој Австралиец во 2018 година

Годинава ќе добиете здравствен картон Мое електронско здравствено досие, освен ако нè известите дека не сакате да имате таков картон. Ако сакате да имате здравствен картон Мое електронско здравствено досие, не треба да правите ништо. До крајот на 2018 г. ќе ви биде отворен безбеден здравствен картон Мое електронско здравствено досие ако имате картичка од Medicare или од Одделот за ветерански работи (Department of Veterans’ Affairs).

Што да направам ако не сакам да добијам здравствен картон Мое електронско здравствено досие

Ако немате здравствен картон Мое електронско здравствено досие и не сакате да ви биде отворен таков картон, ќе треба да ни го кажете тоа меѓу 16 јули и 15 ноември 2018 г.

Регистрирајте се и почнете да го користите здравствениот картон My Health Record

Ако не сакате да чекате до крајот на 2018 г., може да се пријавите и да почнете да го користите здравствениот картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record) уште сега.

Контрола на приватноста и безбедноста

Вие избирате кој ќе може да го види вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record) и што има во него. Може да изберете да ги споделите вашите информации со давателите на услуги за здравствена нега што се вклучени во вашата нега.

Дознајте како:

Информативни материјали што може да се симнат преку интернет

Може да ги симнете следните книшки и други информативни материјали на македонски јазик:

 

Како да стапите во контакт со нас

Ви треба помош? Стапете во контакт со нас со помош на подолу наведените поединости.

По телефон

Телефонска линија за помош My Health Record Help line – 1800 723 471 (изберете 1).

Бесплатен повик (повиците од мобилни телефони се наплаќаат).

Телефонската линија за помош може да организира преведувач ако ви треба помош на македонски јазик.

Ако ви треба помош поради оштетен слух или говор, јавете се на National Relay Service (Национална служба за поврзување) или телефонирајте на 1300 555 727.

Со писмо

My Health Record

GPO Box 9942

Sydney NSW 2000

Прашања во врска со myGov или со Medicare

Ако имате прашање во врска со myGov или со Medicare, јавете се на  Шалтерот за помош на myGov (myGov Helpdesk).

Како да поднесете поплака поради нарушување на приватноста

Ако веќе сте поднеле поплака поради нарушување на приватноста во врска со здравствениот картон Мое електронско здравствено досие и ако не сте задоволни со одговорот што сте го добиле, може да поднесете поплака до Канцеларијата на австралискиот началник за информации (Office of the Australian Information Commissioner - OAIC).

Контакт од Австралиската агенција за дигитално здравје

Австралиската агенција за дигитално здравје (Australian Digital Health Agency), во своето својство на оператор на системот (System Operator) на здравствените картони Мое електронско здравствено досие, не им праќа на луѓето непобарани електронски пораки и пораки на мобилен телефон, и не се јавува по телфон за да ги прашува за чувствителни лични информации, да бара од нив да посетат одредени страници на интернет или да ги кажат своите поединости за вклучување на интернет-сметката заради проверка на нивниот здравствен картон Мое електронско здравствено досие.

Овластен претставник на операторот на системот може да им се јави на поединци во некои ограничени околности, на пример:

  • Кога некој поединец побарал контакт со Телефонската линија за помош на Мое електронско здравствено досие, па треба да му одговори на тој поединец заради решавање на некое специфично прашање.
  • Кога некој корисник одбрал дека сака да биде известуван, по електронска пошта или преку пораки на мобилен телефон, кога некој ќе пристапи кон неговиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие.
  • Во многу ретки случаи, кога операторот на системот треба да се справи со некој проблем во системот или да реши некој проблем во системот.

Овластениот претставник на операторот на системот секогаш ќе мине низ постапката за докажување на идентитетот пред да почне разговорот за односната работа.

Ако сте загрижени дека некој лажно стапил во контакт со вас во врска со вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие преку порака по мобилен телефон или по електронска пошта, таквата порака, како и сите сомнителни телефонски повици, треба веднаш да ги пријавите до операторот на системот Мое електронско здравствено досие на 1800 723 471 за да се испита случајот. Измамите исто така може да се пријават до Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи (Australian Competition and Consumer Commission) преку страницата за пријавување на измами Scamwatch report a scam page.