Start of content

Здравствениот картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record) е кус преглед на клучните информации за вашето здравје што се чува и е достапен на интернет.

Кога имате здравствен картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record), вашите здравствени информации на безбеден начин може да се видат преку интернет од кое и да било место и во секое време – дури и ако се преселите или ако патувате во друга австралиска држава. До вашите здравствени информации може да пристапите преку секој компјутер или друга направа што е поврзана на интернет.

Кога ќе појдете кај општ лекар на преглед, или на одделението за итни случаи по некоја несреќа, а не сте во состојба да зборувате, здравствените работници што ве лекуваат може да видат важни здравствени информации, како што се:

Тоа може да помогне да бидете лекувани на најсоодветниот начин. Не мора да сте болни за да имате корист од тоа што имате здравствен картон Мое електронско здравствено досие. Тој е погоден начин за запишување и следење на вашите здравствени информации низ текот на времето.

Вие го контролирате вашиот картон

Може да изберете дали ќе ги споделите вашите здравствени информации со давателите на услуги за здравствена нега што се вклучени во вашата нега.

Ако сакате, може да го уредувате вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие така што ќе додавате свои информации и ќе ги одберете поставките за приватноста и безбедноста. На пример, можете:

Следниот пат кога ќе појдете кај вашиот лекар, замолете го да ги внесе вашите здравствени информации во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие. 

Со тоа што ќе им дозволите на вашите лекари да внесуваат, гледаат и споделуваат документи во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие, тие ќе имаат поподробна слика врз основа на која ќе може да донесуваат одлуки, да даваат дијагнози и да ве лекуваат. Исто така може да побарате некоја информација да не биде внесена во вашиот картон.