Start of content

Постојат повеќе користи кога имате здравствен картон Мое електронско здравствено досие (My Health Record).

Подобро поврзана здравствена нега

Како што ќе се зголемува бројот на луѓе што го користат системот Мое електронско здравствено досие (My Health Record), така австралискиот национален здравствен систем ќе станува подобро поврзан. Како резултат на тоа, вие и вашето семејство ќе добивате побезбедна, побрза и поефикасна здравствена нега.

» Регистрирајте се за здравствен картон Мое електронско здравствено досие 

Лична контрола

Вие избирате кој ќе може да го види вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие и што ќе содржи картонот. Може да одлучите да ги споделите вашите информации со давателите на услуги за здравствена нега што се вклучени во вашата нега. Со тоа што ќе им дозволите на вашите лекари да внесуваат, гледаат и споделуваат документи во вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие, тие ќе имаат поподробна слика врз основа на која ќе може да донесуваат одлуки, да даваат дијагнози и да ве лекуваат. Исто така може да побарате некоја информација да не биде внесена во вашиот картон.

» Дознајте како да го контролирате пристапот до вашиот картон

Безбеден систем

Здравствениот картон Мое електронско здравствено досие има повеќеслојна и цврста заштита за да ги заштити вашите информации, вклучувајќи тајно и заштитено чување на податоците, огнени ѕидови, пристапување со лозинка, проверки и прегледување на пристапувањата кон картонот.

За да се заштитат вашите информации од злоупотреба, има строги правила и прописи кој може да го види и користи вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие.

» Дознајте повеќе за безбедноста на системот Мое електронско здравствено досие

Пристап до вашите клучни здравствени информации во итен случај

Во итен медицински случај, давателите на здравствени услуги што се поврзани на системот Мое електронско здравствено досие може да ги видат вашите здравствени информации како што се алергии, лекови и вакцини. Тоа им помага да ви укажат најдобро можно лекување и нега.

» Дознајте кои информации може да ги додадете во вашиот картон    

Вашите здравствени информации на едно место

Вашите здравствени информации ќе бидат расположиви на едно место, вашите лекари, специјалисти или болници лесно ќе може да пристапат до нив.

Штом еднаш ќе ги внесете поставките, веќе не мора да правите ништо. Здравствените информации може на безбеден начин да се видат преку интернет, од кое и да било место, во секое време – дури и ако се преселите или отпатувате во друга австралиска држава. До вашите здравствени информации може да пристапите од секој компјутер или друга направа поврзана на интернет.

» Откријте што има во здравствениот картон Мое електронско здравствено досие 

Корисен брз увид во вашето здравје

Кога вашиот давател на здравствени услуги го користи вашиот здравствен картон Мое електронско здравствено досие, не треба да ги паметите сите поединости од вашиот медицински историјат, на пример, лековите што ви се препишани или имињата на проверките што ви се извршени.

Овој картон исто така помага да ги следите здравјето, вакцините и сите медицински проверки на вашите деца.

» Следете го развојот на вашето дете со здравствениот картон Мое електронско здравствено досие